Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска во 18 часот го игра вториот меч на ЕП 2022 против уште еден фаворит за медал, селекцијата на Холандија.
Аутсајдерската улога е само мотив повеќе за нашите ракометарки без резултатски притисок да покажат што знаат и умеат на ракометниот терен, но неопходна ќе им биде и поддршка од публиката во СЦ „Борис Трајковски“.
Навивачите беа перфектни во текот на премиерниот дуел со Франција, а ракометарките заслужуваат идентична поддршка и вечерва против „лалињата“.
Срце на терен, фешта на трибини, треба да биде заштитниот знак на македонскиот национален тим на овој европски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА