Охрид славеше во дуелот со Е.Пелистер во ракометната Супер-лига, и му направи огромна услуга на Вардар во битката за титулата. Поразот на битолските зелени доаѓа неколку дена после големата победа над Вардар, и сцените покажуваат дека поразот тешко им падна на актуелните прваци.
Особено сцената со Павле Атанасијевиќ е срцепарателна. Веднаш по сирената кадарот отиде кон Атанасијевиќ, кој не можеше да верува што се случува. Малкумина кои очекуваа дека токму сега, после победата над Вардар, ракометарите на Пелистер ќе претрпат пораз.
Од друга страна немаше крај на среќата на домашните ракометари, кои за првпат во историјата доаѓаат до триумф над Пелистер.
Погледнете ги различните емоции на натпреварот во Охрид низ видео:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

