Срцето го издаде, но љубовта кон фудбалот не: Магичниот Ериксен се врати (ВИДЕО)

Брентфорд славеше против Барнли со 2-0 во натпревар од 29. коло во Премиерлигата.

Брентфорд дојде до втора едноподруго победа за бегство од опасната зона, а повторно во центарот на вниманието беше Кристијан Ериксен. Данецот по срцевиот удар се врати на терен по повеќе од шест месеци и покажа колку го сака фудбалот.

Ериксен вчера го одигра целиот натпревар за својот нов тим, и покажа уште еднаш за каков играч се работи. Сите ги воодушеви со извонредната асистенција во 85. минута за водство од 1-0 на својот тим во тие моменти…

Се вчитува...