Американскиот спринтер Грант Халовеј во Мадрид постави нов светски рекорд во сала на 60 метри, трчајќи со време од 7.29 секунди.
Актуелниот светски шампион на 110 метри со пречки, за една стотинка беше побрз од досегашниот рекорд кој го постави британскиот атлетичар Колин Џексон уште во далечната 1994 година.
Халовеј наблиските конкуренти во Мадрид ги надмина за дури 22 стотинки, продолжувајќи ја извонредната победничка низа во сала. За него ова беше 54-та едноподруго победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА