Европското фудбалско првенство, кое следната година ќе се одржи во Германија, ќе се одржи во десет градови на исто толку стадиони. Дури девет од нив ќе бидат истите како и на СП 2006 кога се играше на 12 стадиони. Овојпат без домаќинство останаа Кајзерслаутерн, Хановер и Нирнберг.
Нов домаќин е прекрасниот стадион во Дизелдорф. Тој стадион ќе сруши рекорд и на пет месеци пред ЕП. Таму ќе биде отворено Европското првенство во ракомет со најголем број гледачи во историјата на еден ракометен натпревар.
Она што е интересно е информацијата дека тие стадиони нема да ги користат сегашните имиња за време на Европското првенство, туку ќе бидат адаптирани.
Имено, повеќето германски клупски стадиони моментално го носат името на спонзорот, но тоа не се однесува на самото натпреварување, туку само на клупските натпревари. Значи спонзорите се отстранети од сите имиња и тие се претежно прилагодени на градовите каде што се наоѓаат.
Вака ќе се преименуваат стадионите на ЕП 2024:
Олимпијастадион -> Олимпијастадион Берлин
Алијанц Арена -> Фудбалска Арена Минхен
Сигнал Идуна Парк -> БВБ Стадион Дортмунд
Мерцедес-Бенц Арена -> Арена Штутгарт
Велтинс-Арена -> Арена Ауф Шалке
Дојче Банк Парк -> Франкфурт Арена
Волкспаркстадион -> Волкспаркстадион Хамбург
Меркур Шпил арена -> Дизелдорф Арена
Рајненерџи стадион -> Стадион во Келн
Ред Бул Арена -> Стадион Лајпциг
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

