Младата репрезентација на Македонија својот прв натпревар на Европското првенство 2017 во Полска против селекцијата на Шпанија ќе го игра на стадионот „Миејски“ во Гдиња.
Стадион кој е домаќин на полскиот прволигаш Арка Гдиња, модерно здание со комплетни идеални услови за европски фудбалски натпревари. Капацитетот на стадионот е 15.000 седишта, а домаќините за дуелот во сабота меѓу Шпанија и Македонија очекуваат околу 10.000 гледачи.
Во текот на вчерашниот ден домаќините организираа и разгледување на стадионот за медиумите непосредно пред почетокот на Европскиот шампионат. Во рамките на целиот комплекс има и три помошни игралишта, а теренот на централниот стадион „Миејски“ е под посебен систем за заштита од било какви временски услови, пред се од обилни врнежи. Стадионот во Гдиња е првиот стадион во Полска кој го има овој систем за заштита од врнежи.
Стадионот „Миејски“ во Гдиња официјално бил пуштен во употреба во 2011 година.
На овој стадион, покрај натпреварот меѓу Македонија и Шпанија на 17. јуни ќе се одиграат уште два натпревари, Шпанија – Португалија на 20. јуни и меѓу Македонија и Португалија на 23. јуни.
[new_royalslider id=”687″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА