Фудбалскиот стадион на Валенсија, популарната „Местаља“ е претворена со центар за собирање на храна и помош на погодените во децениската несреќа која го погоди овој дел од Шпанија.
Поради обилни дождови и излевање на реките проследено со одрони животот го загубија повеќе од 72 лица па фудбалскиот клуб се одлучи на хуманитарен потег ставајќи го својот стадион со капацитет од 49.430 лица на располагање на волонтерите од Банката за прехрамбени производи.
Собирањето на храна, облека и други помошни средства на стадионот започна од 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА