Стадионот „Петар Милошевски“ под Тумбе Кафе во Битола е максимално подготвен за утрешниот квалификациски натпревар на младите репрезентации до 21 година против Италија во квалификациите за ЕП.
Од ФФМ максимално се потрудија стадионот во Битола да го добие европскиот предзнак максимално исполнувајќи ги сите услови на УЕФА за одигрување на квалификациски натпревари, па веќе се е подготвено
„Кога зборовите се дела! За рекордно краток рок, заедно со општина Битола успеавме да го претвориме стадионот ‘Петар Милошевски’ во гордост на Битола и дом на македонската репрезентација. Горд сум на сите што беа дел од овој процес“ – напиша и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ споделувајќи ги видеото од стадионот во Битола како нов дом за македонските фудбалски репрезентации…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

