Германците влегуваат во завршна фаза од подготовките за ЕП 2023, а еден од најголемите предизвици на организаторите дефинитивно им беше оспособувањето на „Меркур Шпил Арена“во Дизелдорф, фудбалскиот стадион на кој на 10 јануари ќе играат Македонија и Франција, веднаш потоа и Германија и Швајцарија, со јасна желба да биде урнат рекордот за најголема посета на еден ракометен натпревар.
Најголемиот дел од работата е веќе завршен, поставени се монтажните трибини и ракометниот терен, се „шминкаат“последните детали, но слободно може да се каже дека ова здание делува фантастично.
Македонските ракометари утре патуваат за Германија, а се очекува на 9 јануари да тренираат токму на „Меркур Шпил Арена“, каде на 10 јануари во 18 часот ќе излезат на терен против моќната Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА