Стајиќ: Пораз во Гостивар ни е мотив повеќе, да почнеме да играме како што се очекува од нас…

Кошаркарите на Пелистер вечерва во 18.30 часот го пречекуваат Гостивар во рамките од новата рунда во македонскиот шампионат. Желба на сите во зелено-белиот табор е да се остави зад себе турбулентниот период, по кој по поразите од МЗТ Скопје и од Куманово следеше разделба од тренерот Александар Петровиќ. На негово место ангажиран беше Ненад Трајковиќ, а српскиот стручњак ќе го има своето деби на клупата на Пелистер токму на денешниот дуел со гостиварци.

Кошаркарите тренираа напорно во изминатите денови, со желба да се најде излез од резултатската криза и Пелистер конечно да заигра во рамките на потенцијалот што оваа екипа го поседува.

„Играме многу важен натпревар пред наша публика и имаме можност да ја прекинеме серијата порази и лоши игри. Загубивме од Гостивар на првиот натпревар и тоа сигурно е мотив повеќе за нашата екипа. Се среќаваме со ривал што игра брзо во транзиција и ќе мораме да обрнеме повеќе внимание на нашата одбрана доколку сакаме да стигнеме до позитивен резултат. Натпреварот со Гостивар е одлична шанса да излеземе од кризата и да почнеме да играме како што се очекува од нашиот тим“, изјави Бобан Стајиќ, еден од најдобрите кошаркари на КК Пелистер оваа натпреварувачка сезона.

Се вчитува...