Плејмејкерот на македонската репрезентација Бобан Стајиќ, одигра квалитетен натпревар против Швајцарија, реализирајќи 11 поени, три асистенции и две украдени топки. Скромен како и вообичаено, Стајиќ акцентот го стави на колективот и на заслужената победа на нашиот национален тим, посочувајќи ја и причината за осцилациите во првите 20 минути од средбта.
„Швајцарија за нас беше непознат противник, па затоа имавме и проблеми на почетокот. Како и да е, во второро полувреме влеговме во посакуваниот ритам, ги затворивме нивните главни играчи, а откако успеавме во тоа на крајот излезе и лесна и убедлива победа. Би сакал да им се заблагодарам на сите фанови кои дојдоа за да ни дадат поддршка, тоа беше голем плус за нас, по подолго време игравме пред речиси исполнета сала“ – изјави Стајиќ на прес-конференцијата по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА