Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид од кој оваа франшиза имаше огормни очекувања, но не успеа да ги исполни смета дека му е потребна нова операција за санирање на повредата на коленото.
Тоа го открил на новинарка на натпреварот помеѓу Филаделфија и Милвоки по што и самиот мораше да ја прокоментира ситуацијата.
„Кога имаш нешто неконзистентно, во одреден момент мораш нешто да направиш. Не знам што ќе се случи, но ги разгледуваме сите опции“, изјави Ембид.
Во текот на кариерата центарот одигра само 47 отсто од натпреварите во регуларниот дел од сезоната. Тој постојано се мачи со повреди на стапалото, колената, лактот, кукот, рамото, листот па дури и неколку пати повреди на лицето.
Како потсетување, третиот избор на драфтот во 2014 година поради повреда беше надвор од терените во првите две НБА сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

