Стам: Де Лихт ќе ги реши проблемите на Барселона

Поранешниот репрезентативец на Холандија Јап Стам, верува дека младиот одбранбен фудбалер на Ајакс, Матијас де Лихт идеално ќе се вклопи во Барселона.

„Важно е да добива минути на теренот. Ако се погледне составот на Барселона по мечот со Ливерпул, тие ќе мораат да се засилат во одбраната. Затоа мислам дека Де Лихт е идеалното решение за нив. Ќе биде интересно да се види како ќе игра против подобри екипи во подобро првенство“, изјави Стам. 

Во Барселона веќе потпиша Френки де Јонг, а се шпекулира дека и втората млада „ѕвезда“ на Ајакс, Матијас де Лихт е пред потпис со „каталонците“.

Се вчитува...