Стамески: И покрај поразот задоволен сум од тоа како одигра Бадел

Бадел 1862 не успеа да го одбрани трофејот во Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ откако во финалето загуби од ривалот Баскет Кам. Избраничките на Стамески имаа негатива од 17 поени во првото полувреме, но одиграа фантастична трета четвртина во која дозволија само еден поен за камбек во мечот.

Во одлучувачките десет минути сепак не успеаја целосно да го затворат противникот, потфрлија во клучните моменти во нападот па составот од Македонска Каменица се радуваше на трофејот.

„Факт е дека девојките доста се потрошија за да ја стигнат високата негатива на противникот. Во преден план дојде искуството кое го имаат кошакарките на Баскет Кам. Успеавме да го сопреме нивниот шут, но направивме неколку грешки, кои се плод на нашето неискуство. Сепак, и покрај поразот, задоволен сум од прикажаното на екипата. Ова беше тест за нашите моментални можности“, вели Стамески. 

Се вчитува...