Црвена Звезда комплетираше уште еден сериозен трансфер откако денеска потпиша договор со Адам Ханга. Унгарскиот репрезентативец пристигнува во Белград како актуелен европски шампион, откако со Реал Мадрид го крена трофејот во Евролигата, по што по истекот на договорот го напушти таборот на „кралевите“.
Ханга е висок 200 сантиметри, најчесто настапува како крилен кошаркар, но огромен квалитет му е агресивната одбрана со која знае да ги исфрли од ритам плејмејкерите на противничките екипи. Тренерот Ивановиќ ја базира играта на својот тим токму на цврста одбрана, така што нема дилема дека Ханга ќе биде огромно засилување за „црвено-белите“. Овој кошаркар пред Реал Мадрид настапуваше и за Басконија и за Барселона во шпанската Ендеса-лигата.
Тој е четврто засилување на Црвена Звезда летово, откако беа потпишани договори со Дејан Давидовац, Марко Симоновиќ и со Милош Теодосиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА