Барселона одлучи да го награди херојот за Шпанија од Олимпијадата, Фермин Лопез, со нов договор, пишува каталонското издание „Спорт“. 21-годишниот играч беше клучен за освојувањето на златниот медал на ЛОИ ова лето, постигнувајќи шест гола на олимпискиот турнир, од кои два во финалето против домаќинот Франција вчера.
Настапите на Фермин, кој беше дел од успехот на Шпанија и на ЕП 2024, будно ги следеше раководството на Барселона , кое има намера наскоро да му понуди нов договор и значително зголемување на платата, како и многу повисока откупна клаузула која во моментов изнесува 400 милиони евра.
Неговиот актуелен договор е до 2027 година, а Каталонците се свесни дека неговата цена сигурно порасна по неговите импресивни настапи ова лето.
Фермин ќе добие една недела одмор по олимпискиот триумф и нема да му биде на располагање на новиот тренер на Барса, Ханс Флик за гостувањето кај Валенсија .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

