Го споредуваа со бразилскиот Роналдо, му предвидуваа блескава кариера, но откако Ендрик дојде во Реал Мадрид, немаше можност да го покаже својот раскошен талент. Постигна само еден гол на официјални натпревари, меѓутоа е далеку од првиот состав на „кралевите“ и покрај тренерската смена и доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата.
Затоа вчера веќе е договорено тој да замине, и да биде првиот играч кој ќе го напушти Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок. Неговата следна дестинација ќе биде француски Лион, каде ќе мине како позајмен до крајот на сезоната.
Ендрик не ја добива вистинската шанса во Реал, затоа инсистираше да си замине, а „кралевите“ го прифатија тоа и му дадоа зелено светло да оди во тим каде ќе има поголема минутажа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

