Евертон е пред тотален колапс!

Еден од најстандарните премиерлигаши во англискиот фудбал кој досега нема испаднато од првенството, Евертон на крајот на сезоната може да заврши и како нисколигаш бидејќи проблемите во клубот не се само резултатски, туку и финансиски.

Имено, клубот од „Гудисон Парк“ се наоѓа во тешка финансиска криза и има загуба од 450 милиони евра што е повод за неколку клубови од Премиерлигата да иницираат покренување на истрага на финансиите поради прекршување на низа прописи во последните две години.

Како потсетување, поради финансиските проблеми Евертон претходниот месец направи и договор со Премиерлигата за меѓусебно консултирање за трансфери и продолжување на соработка со играчи што дополнително го разгоре незадоволството кај останатите клубови.

„Сините“ од Ливерпул не успеаа да ги надминат проблемите кои ги создаде пандемијата на коронавирус и нема да биде изненадување доколку тимот прогласи банкрот и започне да се обновува од ниските првенства.

Се вчитува...