Македонската репрезентација до 19 години од 13. до 19. ноември го игра квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза квалификации за пласман на Европско првенство. Фудбалската федерација на Македонија е организатор на турнирот, а нашата млада селекција е во група со Англија, Босна и Херцеговина и Луксембург.
„Со нетрпение го очекуваме почетокот на квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза квалификации за ЕП. Расположението кај нас е позитивно, иако имавме проблеми околу составот со повредени фудбалери. Верувам во овој тим и очекувам да го дадат максимумот на сите три натпревари. Групата во која се наоѓаме е исклучително тешка, а потврда за тоа е фактот што Англија и БиХ со оваа генерација беа учесници на Европското првенство до 17 години. Но, без оглед на противниците, наша цел ќе биде да се прикажеме во најдобро издание и да ја чекаме нашата шанса за остварување на позитивен резултат“ – изјави селекторот Горан Станиќ.
Првиот натпревар од турнирот македонската репрезентација го игра на 13. ноември против БиХ од 13:00 часот, на 16. ноември (13:00 часот) се соочуваме со Англија и на 19. ноември (13:00 часот) играме против Лукембург.
Селекторот на Македонија до 19 години, Горан Станиќ за квалификацискиот турнир ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Матеј Андов (Вардар), Кристијан Китановски (Вардар), Стефан Митрев (Арау, Швајцарија);
Одбрана: Георгие Јанкулов (Железничар, Србија), Божидар Митревски (Силекс), Александар Ѓурковски (Вардар), Бојан Димовски (Вардар), Ване Тасевски (АСД Нибиано, Италија), Анџело Николовски (Кит Го);
Среден ред: Агон Елези (Скендербег, Албанија), Јетон Даути (Ст. Гален, Швајцарија), Арби Воша (Македонија Ѓ.П), Иван Николов (Академија Пандев), Владан Новевски (Војводина, Србија);
Напад: Методи Максимов (Работнички), Давид Тошевски (Работнички), Едис Спахиу (Шкендија), Сухељ Мухарем (Шкупи), Ерсан Хајдари (Арау, Швајцарија), Абдулвахит Мурати (Шкупи).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА