Дејан Станковиќ не го криеше разочарувањето од арбитражата на дуелот меѓу Јувентус и Сампдорија што неговиот тим го загуби 4-2, по што остана закован на последното место на табелата.
Српскиот стратег беше бесен поради третиот гол на противникот, за водство од 3-2, што го постигна Рабио, а на кој му претходеше играње со рака на еден домашен фудбалер.
„Ако судиите и ВАР велат дека немало играње со рака, морате да им верувате, но… Можете да ја вратите снимката 20 пати и 20 пати ќе видите дека има играње со рака. Движење на бицепсот, само тоа ќе кажам. Можеме да прифатиме некои работи, но не сакам кога ме прават будала. Видете, можеби и ќе го загубевме мечот на крај, но оставете не да играме фер до крај. Срцето ме боли за моите момци кои гинат на терен, а потоа губат на ваков начин“, изјави Станковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА