Станковиќ и Ц. Звезда револтирани: Вознемирени сме, да беше корнер за Милан сигурно ќе беше изведен

Милан се пласираше во осминафиналето од Лигата на Европа благодарение само на гол повеќе на гостите со Црвена Звезда која синоќа одигра извонреден натпревар на „Сан Сиро“, ремизирајќи 1-1.

Белграѓани од 70. минута играа и со фудбалер помалку, но се до последните секунди од средбата напаѓаа во желбата за триумф. Судијата го продолжи мечот за три минути, а Ц. Звезда на почетокот од четвртата минута од дополнението имаше корнер. Но, главниот судија Хесус Манцано не дозволи да се изведе корнерот, што предизвика огромен револт кај тренер на „црвено-белите“, Дејан Станковиќ.

„Премалку е да се каже дека сум горд на овие момци затоа што знам што направија во овие 180 минути против Милан. Им благодарам… А, секако дека сме бесни поради судиската одлука затоа што тоа беше нашата последна шанса. Вознемирени сме. Мораше да дозволат да го изведеме корнерот. Да беше обратна ситуцијата, Милан сигурно ќе изведеше корнер“ – изјави Станковиќ по ремито со Милан.

Се вчитува...