Црвена Звезда не успеа да се избор за директно осминафинале во Лигата на Европа, откако само ремизираше (1-1) синоќа во Белград со шпанската Селта. На црвено-белите им беше потребна победа, но дури ни тоа не би било доволно со оглед на тоа што некои други резултати не се совпаднаа.
Тренерот на Ц. Звезда, Дејан Станковиќ, може да биде задоволен од ситуацијата, но нешто го мачеше прославениот поранешен фудбалер на крајот од натпреварот.
Се појави видео на кое се гледа како тој го напушта теренот вознемирен додека влегува во вербална конфронтација со дел од навивачите од западната трибина.
Навивачите на Звезда не се задоволни од потегот на Станковиќ и таквото однесување, па имаше разни навреди по социјалните мрежи…
„’Наркоман’, ‘Чаци’, ‘Му продадоа лоша стока’, ‘Марш до дупката, идиот’, ‘Крепа’“, се дел од коментарите објавени од српскиот Телеграф.
Станковиќ неодамна повторно седна на клупата на Звезда, со која сака нова титула, а секако целта сега е да се оди во осминафиналето на Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

