Станковиќ поднесе оставка на клупата на Црвена Звезда, Боби Милевски еден од кандидатите за нов тренер

По неуспехот да обезбеди место во групната фаза од Лигата на шампионите, Дејан Станковиќ си поднесе оставка на клупата на поранешниот европски шампион Црвена Звезда.

Во официјалното соопштение на клубот, Станковиќ потенцира дека не може да продолжи понатаму, и остава друг тренер да го води тимот низ настапите од групите во Лигата на Европа.

„Црвена Звезда е моја огромна љубав, неопишива емоција. После третиот обид да го донесам тимот до Лигата на шампионите се чувствувам празно, затоа што на најголемата љубов не успеав да и го донесам тоа што најмногу го сака. Не можам понатаму. Дадов се од себе. Сега треба некој друг да се обиде. Им благодарам на играчите, управата и навивачи за се досега. Секогаш чувствував голема поддршка од сите нив. Затоа и сега ја носам оваа одлука за заминување како знак на благодарност и желба Црвена Звезда секогаш да го има најдоброто. Им благодарам на сите за прекрасното време на Маракана“ – истакна Станковиќ.

А, српските медиуми веднаш стартуваа и со шпекулации околу имињата кои се најсериозни кандидати за наследник на Станковиќ. Меѓу нив, водечки на листата и македонскиот селектор Благоја Милевски кој уште на крајот од минатата сезона се спомнуваше како најсериозно име за наследник на Станковиќ на клупата на Црвена Звезда. Иако, Милевски претходно демантираше дека има било каков контакт со раководството на клубот.

Се вчитува...