Црвена Звезда го обои Белград во „црвено-бело“ со огромна победа над вечниот ривал Партизан од 3-0.
Овој триумф наиде на големо задоволство кај тренерот Дејан Станковиќ. Кој сепак и покрај оптимизмот нагласи дека неговиот тим допрва го чека тешка битка и на европскиот фронт.
„Фантастично, се вратив таму каде што бев как мал. Вечер полна со емоции. Вистинскиот „звездаш“ ќе биде тука секогаш кое е најпотребно. Гол во последната секунда од првото полувреме го менува балансот, те „крши“. Првото полувреме беше според очекувања, конфузија на моменти во нашите редови, добар притисок на Партизан. Ги корегиравме грешките на полувремето и се потоа беше различно.
„Им верувам на момците и тие на мене. Секој знае што можеме да направиме. Играме на секој три денови, момците се феноменални. Ако некој грешки, ќе му кажам за тоа и тоа не е проблем. Можам да бидам директен, а не хистеричен. Сите тоа добро го прифаќаат, можеби некои од нив се изненадија од мојата смиреност, но целта на Звезда е најважна“, изјави Станковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

