Тренерот на Црвена Звезда Дејан Станковиќ времето во карантин го поминува со своето семејство. Тој во интервју за српските медиуми говореше и за Синиша Михајловиќ и одличната вест што пристигна од Италија во врска со неговото опоравување.
„Миха отсекогаш бил борец и победник. Цело време сме во контакт, неимзерно сум среќен што неговото опоравување се движи во вистинска насока и е на пат да ја победи тешката болест. Покажа сила и челичен карактер. „Татко“ ми е неуништлив“, изјави Станковиќ.
Станковиќ и Михајловиќ поминаа неверојатни шест години играјќи за два исти тима. Прво од 1998 до 2004 беа дел од Лацио, а потоа уште две години ја делеа соблекувалната во Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА