Станковски и Илиевски донесоа победа за надежите на Цапар против Полска (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година славеше со 1-2 против Полска во контролен натпревар одигран во Радом.

Стрелец на погодокот за водство од 0-1 на нашата репрезентација беше капитенот Марио Илиевски во 44. минута од првото полувреме. На 0-2 зголеми Лука Станковски во 47. минута. До крајот домаќините успеаја само да го ублажат поразот преку Бориш.

Македонија ќе одигра уште еден пријателски натпревар во овој прозорец против Босна и Херцеговина на 5. јуни.

Се вчитува...