Станковски: Не се опишува чувството кога ќе дадете гол за Македонија…

Лука Станковски имаше деби од соништата на еден официјален меч за Македонија, офанзивниот играч за врска влезе во игра во 83. минута на местото на Елиф Елмас, за во самиот финиш да го постигна и дебитаннтскиот погодок, поставувајќи ги конечните 5-0 против Лихтенштајн.

„Секој фудбалер го има истиот сон, пред се да се игра за репрезентацијата, a не пак вакво деби како моето – прв меч, на домашен терен и веднаш да дадам гол. Чувството е специјално кога играш пред нашата публика, против Саудиска Арабија тоа беше пријателски натпревар, ова се многу важни квалификации и пресреќен сум што победивме. Не се опишува чувството кога ќе дадете гол во репрезентативниот дрес“, изјави Станковски веднаш по натпреварот.

Убедливата победа дополнително ја зголемува самодовербата пред пресметките со селекциите на Казахстан и Белгија закажани за месец октомври.

„Знаеме дека пред нас се важни и исклучително тешки натпревари. Ќе се подготвиме за тие дуели, се надеваме на позитивни резултати и остварување на големиот сон. Едно е сигурно, ние нема да се браниме со никого и ќе одиме на победа против сите ривали“, порача Лука Станковски.

Се вчитува...