Раднички Крагујевац со 3-2 го совлада тимот на Насаф од Узбекистан на подготовките во Анталија, а еден од стрелците беше македонскиот интернационалец Лука Станковски.
Македонскиот репрезентативец успеа да го постигне првиот гол за српскиот тим, кој на полувреме имаше предност од 2-1, и на крајот победи со 3-2.
Станковски има два настапи за селекцијата на Македонија, а против Лихтенштајн го постигна првиот и засега единствен гол за селекцијата на Македонија, кога нашата селекција триумфираше со 5-0. Потоа играше и со Саудиска Арабија во пријателскит меч во Прага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

