Станковски: Работнички сега поседува одличен натпреварувачки потенцијал

Спортскиот директор на Работнички, Горан Станковски е задоволен од подготовките на тимот во Охрид кои завршуваат утре со пријателскиот натпревар против Пелистер во Струга.

„Одлучивме оваа година да ги одработиме зимските подготовки во Македонија и се чини дека не погрешивме. Охрид ни понуди одлични услови за работа, во најголем период и не послужија и временските услови и мислам дека треба да бидеме задоволни. Ја заокружуваме оваа фаза од подготовките и утре, по тест – натпреварот со Пелистер, тимот се враќа во Скопје“ вели Станковски за официјалната интернет-страница на клубот.

Работнички доведе и седум засилувања во зимскиот преоден рок.

„Успеавме да го засилиме тимот со квалитетни засилувања од домашното првенство. Мислам дека сме добро покриени на сите позиции и дека Работнички поседува одличен натпреварувачки потенцијал за вториот дел од сезоната. Се разбира, ќе бидеме будни до истекот на преодниот рок и соодветно ќе реагираме доколку се појави ситуација за ангажман на уште некој квалитетен фудбалер. Но, во глобала, и јас и стручниот штаб сме задоволни од тоа што Работнички во моментот го има на располагање“ – вели Горан Станковски.

Се вчитува...