Партизан стартуваше со крупни промени за новата сезона, доведувајќи го најпрво старо-новиот тренер на челот на тимот, Александар Станојевиќ.
Станојевиќ доаѓа на местото на Алберт Наѓ, по третпат во својата кариера на клупата на црно-белите.
„По долги разговори Партизан се договори со Станојевиќ по третпат да дојде во Хумска“ – пренесуваат српските медиуми.
Станојевиќ во првиот свој мандат во Партизан, од 2010 до 2012 година, освои две шампионски титули и Куп на Србија, а Партизан под негово водство играше во групната фаза од Лигата на шампионите. Во вториот наврат, од 2020 до 2022 година не освои трофеј, но играше во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА и стигна до осминафиналето.
Во својата кариера бил тренер и на Макаби Хаифа од Израел, Конјаспор од Турција, солунски ПАОК, како и четири кинески клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА