Младата репрезентација на Македонија до 17 години во Скопје, во периодот од 25. до 31. октомври, ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во следната елитна фаза квалификации за Европско првенство што ќе се одржи во Унгарија 2023.
Квалификациските мечеви ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во комплексот „Куќа на фудбалот” и стадионот на Македонија Ѓ.П.
Македонија, предводена од селекторот Вујадин Станојковиќ, се наоѓа во групата 19, заедно со селекциите на Франција, Исланд и Луксембург.
Во првото коло, Македонија за противник ја има селекцијата на Исланд. Натпреварот е закажан на 25 октомври со почеток во 14. часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски”. Истиот ден, на стадионот на Македонија Ѓ.П., од 14. часот играат Франција и Луксембург.
Во рамките на второто коло, силите ќе ги одмериме против апсолутниот фаворит во групата, Франција. Дуелот против „галските петли” го играме на 28 октомври, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во 14. часот. Во вториот меч од второто коло, на стадионот во Ѓорче Петров играат Исланд и Луксембург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА