Вујадин Станојковиќ, Хари Костов и Харалампие Хаџи-Ристески, тројцата кандидати чија кандидатура за нов претседател на ФФМ не помина кај Комисијата за избор и верификација, поднесоа жалби до Комисијата за жалби при ФФМ.
Како што информираше претходно Комисијата за избор и верификација, нивните кандидатури не беа прифатена од причина што не го исполнувале посебниот услов за кандидат за Претседател на Фудбалска федерација на Македонија утврден со член 91. став 1. од СТАТУТ на Фудбалска федерација на Македонија.
Официјално единствен кандидат засега во трката за нов претседател на ФФМ на закажаното Изборно собрание на 1. септември е Сашко Тасев.
Но, по денешните одлуки на Комисијата за жалби и дефинитивно ќе биде познато кој официјално ќе се најде на гласачката листа пред делегатите на Собранието на ФФМ на 1. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

