Спортскиот центар „Јане Сандански“ беше местото на главниот настан во македонскиот пинг-понг изминатиот викенд, откако во оваа рена беше одржано Државното првенство за сениори и сениорки во категории поединечно, машки и женски двојки и мешани двојки.
Ланските победници ги одбранија титулите, но имаше и неколку изненадувања на турнирот. Кај женските малата Моника Стајковска од Берово со само 14 години успеа да влезе во финалето во поединечна конкуренција и го освои второто место. Додека кај машките изненади Венко Стојанов од Радовиш кој како 22ро рангиран успеа да стигне до третото место.
Конечните резултати се следните:
Резултати од Микс двојки:
- Филип Младеновски и Амелија Николов – ППК Шампион Фа
- Кристијан Станојковски и Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
- Нико Доага и Софија Хасану – ППК Младост
- Даниел Главевски – ППК Пелагонија и Фани Јованоска – ППК Зегин Берово
Резултати од машки двојки:
- Кристијан Станојковски и Александар Јакимовски – ППК Крива Паланка
- Лука Стојчев и Дамјан Стојчев – ППК Младост
- Димитрие Жоговски и Роберт Михајловски – ППК Телеком Нец 2
- Александар Кралев и Филип Младеновски – ППК Шампион Фа
Резултати од женски двојки:
- Ана Стојановска – ППК Крива Паланка и Амелија Николов ППК Шампион Фа
- Фани Јованоска – ППК Зегин Берово и Сара А. Стојановска – ППК Крива Паланка
- Софија Хасану и Емилија Марковска – ППК Младост
- Сара С. Стојановска – ППК 10 60 АС Ѓорче Петров и Васе Богоевска – ППК Младост 96
Резултати од поединечна конкуренција.
Машки:
- Кристијан Станојковски – ППК Крива Паланка
- Филип Младеновски – ППК Шампион Фа
- Лука Стојчев – ППК Младост
- Венко Стојанов – ППК Радовиш
Женски:
- Амелија Николов – ППК Шампион Фа
- Моника Стајковска – ППК Зегин Берово
- Сара Стојановска – ППК 10 60 АС Ѓорче Петров
- Софија Хасану – ППК Младост
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

