Поранешниот прв човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ бил приведен на распит во Мостар по налог на обвинителството на БиХ.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, Мамиќ е сослушан во БиХ во врска со неговата осуда од Судот во Осијек од шест години, поради што избега во соседството.
„Да, Мамиќ е испитан во кантоналното обвинителство во Мостар. Но, за содржината не разговорот не би можел да ви соопштам. Потоа тој е ослободен“ – велат адвокатите на Здравко Мамиќ.
Испитувањето е поврзано и со претходните тврдења на Мамиќ дека информатичарот Фрањо Варга му продавал лажирани преписки од судии од Осијек околу неговиот случај, а со единствена цел извлекување материјална корист.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА