Очигледните проблеми во женскиот спорт и лошите резултати што ги имаме во женска конкуренција уште еднаш по којзнае кој пат се потврдуваат во номинирањето за наградите за најдобри во македонскиот спорт. Две селекции, ракометната и фудбалската кои не многу успешно играат квалификаци се во конкруреницја за најдобар женски национален тим. Во машка конкруенција, битката е далеку посилна и понеизвесна со оглед дека во трка се фудбалската, ракометната и одбојакрската репрезентација, како и составите во карате и кик боска маитаи.
Во конкуренција за главната награда, спортиски на годината, во машка конкуренција исто така ќе биде многу понеизвесно со оглед дека се борат Магомегдаџи Нуров, Емил Павлов, Димитар Ѓорѓиев, Столе Стоилов и Евгениј Поп-Ацев. Кај девојките за признанието се борат Поликсенија Јовановска, Ана Марија Ѓорѓиевска и Дрита Ислами. Гласањето трае до 19 декември, а гласаат националните спортски федерации и медиумите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА