„Старата дама“ го купува Бернардески за 50 милиони евра

Италијанскиот првак Јувентус е комплетно фокусиран на финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид кое на 3 јуни ќе се одигра во Кардиф, но раководството сепак прави планови и за летниот преоден рок. Една од желбите на тренерот Масимилијано Алегри е Федерико Бернардески, играчот за врска на Фиорентина. Според весникот „Тутоспорт“, кој важи за добро информиран од редовите на Јувентус, клубот подготвува понуда вредна 50 милиони евра за ангажман на Бернардески.

Интересно е дека во Италија владее жестока омраза меѓу фановите на двата клуба, па доколку Бернардески се одлучи да се пресели во Торино, сигурно потоа ќе помине слично како и Гонзало Игуаин кога го напушти Наполи.

 

Се вчитува...