Италијанскиот првак Јувентус ќе се обиде да доведе нов квалитетен дефанзивец ова лето, кој ќе треба да ја пополни празнината која се појави по заминувањето на Леонардо Бонучи во Милан. Раководството на клубот размислува за ангажман на Езекил Гарај, одбранбениот фудбалер од редовите на Валенсија, кој би можел да пристигне во Торино за сума од 15 милиони евра.
Сепак, како што информираат шпанските медиуми, Валенсија нема да се откаже од Гарај за сума помала од 20 милиони евра, колку што „лилјаците“ му платија на Зенит за негов трансфер во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА