„Старата дама“ и Роналдо во проблеми, престојот на Португалецот во Торино и понатаму останува енигма?

Се’ уште нема одговор што се случува со Кристијано Роналдо. Тој вчера започна од клупата, па се појави информација дека побарал од клубот да не го загрозува трансферот, но никому не му е јасно каде може да оди.

Недвед го негираше тоа, се вели дека Алегри едноставно го остави Португалецот на клупата со план да влезе во второто полувреме, што тоа и се случи. Кристијано постигна гол во последните секунди, но ВАР утврди офсајд од неколку сантиметри, па Јувентус остана без победа во Удине, и покрај водството од 2-0.

Фудбалската јавност е во дилема, дали постои временски конфликт помеѓу Роналдо и Јувентус?

Имено, најблиску до вистината е приказната дека Португалецот имал рок да се изјасни за неговата иднина до пред неколку дена, но дека Мендеш не дал понуда од друг клуб и дека за Јуве тоа е завршена приказна.

Сепак, Роналдо наводно размислува поинаку и се уште се надева на трансфер.

Има две решенија, едното да оди во ПСЖ, но пред тоа Мбапе мора да потпише договор со Реал, другото, кое се уште е далеку од реализација, да оди во Сити, доколку тимот на Гвардиола не успее да го донесе Кејн. Но, дури и ако капитенот на Тотенхем остане меѓу „петлите“, некои информации велат дека Гвардиола бара помлад играч од Роналдо.

Реал и Манчестер Јунајтед се невозможни мисии, се чини дека Мендеш наиде на затворена врата во двата клуба кога е во прашање враќањето на Роналдо.

Се вчитува...