„Старата дама“ им одржа лекција на „нераѕурите“ (ВИДЕО)

Јувентус ја запиша седмата победа сезонава триумфирајќи во дерби-пресметката против Интер со 2-0 во 13. коло од Серија А.

„Старата дама“ одигра одличен натпревар повеќе од заслужено доаѓајќи до победата која можеше да биде изразена и со поубедлива разлика.

Во првото полувреме мируваа мрежите, но веќе во 52. минута, извонреден соло продор на српскиот репрезентативец Филип Костиќ кој профучи по десната страна извонредно проигрувајќи го Рабио во гостинскиот шеснаесетник за водство од 1-0.

 

Костиќ беше беспрекорен и во 84. минута кога мајсторски асистираше и за Фаџиоли за конечни 2-0.

 

Јувентус по оваа победа, со 25 бода, остана на четири бода од второпласираниот Милан.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...