Јувентус успеал да го победи Реал Мадрид во трката за дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер. Тој на лето би требало да пристигне во Торино откако ги договорил сите услови со италијанскиот клуб.
Според „Газета дело спорт“, Германецот ќе го напушти Челси на крајот на сезоната и ќе прејде во Јувентус како слободен играч.
„Старата дама“ на Рудигер му понудила четиригодишен договор и можност да се врати на Апенините. Рудигер долго време преговараше со Челси, кој, сепак, не се согласи да му даде плата од 12 милиони евра годишно и пред Роман Абрамович и клубот да добијат санкции.
Рудигер беше желба и на Реал Мадрид, но дефанзивецот сепак се одлучил за Јувентус. Германскиот репрезентативец дојде во Челси во 2017 година од редовите на Рома за 35 милиони евра, а кариерата ја започна во Штутгарт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА