„Старата дама“ не може без Кјелини – Џорџо потпиша нов договор со Јувентус

Легендарниот дефанзивец на „Старата дама“, 36-годишниот Џорџо Кјелини потпиша нов договор со Јувентус, а истиот ќе важи до летото 2023 година, вака соопшти прес-службата на клубот од Торино.

Да потсетиме, претходниот договор на Кјелини со Јувентус истече на 30 јуни. Дефанзивецот стана најстариот капитен во историјата на финалето на Европското првенство, надминувајќи го Џaнлуиџи Буфон, кој играше во финалето против Шпанија на Евро 2012.

„Ова е важен чекор во мојот живот. Дојдов во Јувентус кога бев момче и сега уживам во секој момент. Сакам да му помогнам на Јуве да освои други титули“, рече Кјелини.

На Евро 2020, Џорџо запиша 5 натпревари, бидејќи претходно ги пропушти дуелите со репрезентациите на Велс и Австрија поради повреда. За централниот дефанзивец, последниот натпревар беше 95-ти во негова кариера како дел од националниот тим.

Се вчитува...