„Старата дама“ не го продава Киеза – Јуве одби мега понуда од Челси

Фудбалскиот клуб Челси испрати понуда вредна 100 милиони евра за Федерико Киеза, но Јувентус експресно ја одби. Другите детали не се познати, од информациите што доаѓаат од Италија е познато само дека Челси покажал голем интерес за одличниот офанзивен играч, но дека „Старата дама“ ја одбил профитабилната понуда.

Челси сака да се засили во нападот, Тами Абрахам, Оливие Жиру, Хаким Зиех и Хадсон-Одои се на излезната врата, па Томас Тухел бара замени. Киеза беше на врвот на списокот заедно со Ерлинг Халанд, но европскиот шампион доби големо „не“ и од Дортмунд.

Челниците на лондонски Челси се сериозни со идејата за нови летни засилувања, па наскоро се очекува да тргнат во поход со уште по примамливи понуди до клубовите во Европа.

Претходно, интерес за Киеза покажа и Баерн Минхен, но баварскиот гигант го доби истиот договор како и Челси – крилниот офанзивец на италијанската фудбалска репрезентација не е за продажба.

Се вчитува...