Аргентинскиот фудбалер и напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала е блиску до „кам-бек“ по здобиената повредата, поради која ги пропушти натпреварите против Челси во Лигата на шампионите (1-0) и против Торино во Серија А (1-0).
Според последните вести од лекарскиот тим, Аргентинецот може да се појави на зелениот терен веќе на натпреварот против Рома на 17 октомври по меѓународната репрезентативна пауза.
Исто така, вестите од Италија велат дека преговорите за продолжување на договорот на Аргентинецот добро напредуваат. Со голема веројатност, договорот ќе биде потпишан до 2025 година со годишна плата од 10 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА