На стартот од оваа сезона Јувентус бележи очајни резултати, во три натпревари „старата дама“ освои само еден бод, а наредниот викенд ги чека дерби натпревар со Милан. Од досегашниот настап, еден од најкритикуваните во редовите на Алегри е голманот Војчех Шчесни.
Полјакот е посочен како главен виновник за неколку гола што ги прими Јувентус. Навивачите уште еднаш посочуваат дека раководството има направено грешка што не го ангажираше Донарума кој тогаш премина во Милан.
Меѓутоа, сега италијанските медиуми шпекулираат дека ситуацијата почнала да се менува. Најавите се дека уште во јануари, тимот на Јувентус ќе се обиде да ја поправи грешката, а сега на мета ќе им биде Давид Де Хеа на кого му завршува договорот со Јунајтед, но и Кејлор Навас со оглед на големата конкуренција во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА