„Старата дама“ пред разделба со Бонучи, дефанзивецот прави трансфер уште во јануари?!

Леонардо Бонучи, дефанзивецот на „Старата дама“ е пред излезна врата од клубот и истиот би можел да го напушти веќе во јануари.

Капитенот на тимот натпревар против Торино го започна од клупата, откако неговите игри често се под oчекуваното ниво, а се шпекулира и дека е во лоши односи со Алегри, тврди „Кориере дело Спорт“.

Сето ова може да предизвика негово заминување од Торино, а се поврзува со клубот на поранешниот тренер на Јувентус, Антонио Конте. Тотенхем не би имал ништо против да го ангажира, а според информациите од Апенинскиот полуостров разделбата со Јуве би можела да следи веќе во јануари.

Во 2010 година, Бонучи дојде во Јувентус од Бари изминатиот период се стекна со култен статус. Тој статус беше урнат со кратката епизода во Милан во 2017 година, па иако Бонучи една година подоцна се врати во Јуве, тој ја загуби улогата на лидер и клупска легенда.

Се вчитува...