„Старата дама“ продолжува да реди црни рекорди: Јувентус го има најлошиот старт на сезоната во последните 60 години!

Италијанскиот вицешампион Јувентус оваа сезона игра ужасно, па ваквиот настап во Серија А сведочи дека „Старата дама“ го има најлошиот старт на сезоната во последните 60 години. Фудбалерите на Масимилијано Алегри не можеа да запишат триумф ниту по четири кола, па имаат обезбедено само два поени и се наоѓа во зоната за испаѓање.

Последен пат кога Јувентус имал толку лош старт по четири кола било во далечната 1961 година, односно пред 60 години. Досега Јувентус успеа едвај да обезбеди бод против Удинезе и Милан, а беше поразен од Наполи и Емполи во првите четири кола.

Јуве за следен противник ќе го има тимот на Специја, противник на кој фудбалерите од Торино ќе му гостуваат во среда од 18.30 часот.

 

 

 

 

Се вчитува...