„Старата дама“ сигурна против Калјари

Италијанскиот првак Јувентус оствари очекувана победа против Калјари (3-1) на домашен терен и побегна повторно шест бода во однос на конкурентите Интер и Наполи. „Старата дама“ поведе експресно со голот на Пауло Дибала, а Калјари израмни преку Жоао Педро во 36.минута.

Сепак, само две минути подоцна Јувентус повторно дојде до предност со автоголот на Брадариќ. Квадрадо во завршницата од мечот ги разреши дилемите околу победникот.

Се вчитува...