„Старата дама“ минатата сезона за првпат по девет години не беше шампион на Италија, но тоа не е нешто најлошо што им се случи бидејќи клубот од Торино забележал големи финансиски загуби.
Според финансискиот извештај кој го објави Управниот одбор на клубот, загубата за период од јуни 2020 до јуни 2021 година изнесува 210 милиони евра.
Јувентус во својот нацрт финансиски план ги наведе сите поважни финансиски обврски од минатата сезона, а се споменува и проектот за Суперлига, кој во април го објавија тимот од Торино и уште 11 други гиганти.
Меѓутоа, тој проект беше урнат во рок од 48 часа, иако од идејата засега не се откажуваат Јувентус, Реал Мадрид и Барселона.
The Juventus Board of Directors approved the draft financial statements and consolidated financial statements for the year ended 30 June 2021 showing a loss of 210M€ ⚫️⚪️ via @CalcioFinanza pic.twitter.com/v3p6oVTCOF
— Around Turin (@AroundTurin) September 17, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА