„Старата дама“ во нови проблеми: Јувентус во дербито против Наполи ќе игра без пола тим!

„Старата дама“ во првите две кола во новата сезона во Серија А едвај успеа да освои само еден бод, па тренерот Масимилијано Алегри ќе има сериозни проблеми да го состави својот тим и за дернито против Наполи.

Федерико Кјеза е последниот фудбалер кој отпадна од листата на играчи на кои нема да може да смета Масимилијано, а кој не смее воопшто да ризикува повреда и затоа нема да игра на овој двобој.

Покрај Кјеза, надвор од теренот ќе бидат и Бразилците Алекс Сандро и Данило, кои во Италија ќе допатуваат неколку часа пред да почне натпреварот. Алегри нема да може да смета ниту на Хуан Квадрадо, Пауло Дибала и Родриго Бентакур кои исто така имаат обврски во јужноамериканските квалификации за Светското првенство (СП).

Се вчитува...