„Старата дама“ во „шах-мат“ позиција – Отказ на Алегри ќе значи милионска отштета!

По болниот пораз од аутсајдерот Монца (0-1) и ужасниот старт на сезоната за италијанскиот великан Јувентус, веќе сите мислеа дека се одбројани деновите за Масимилијано Алегри, но смена на кормилото нема да има најмалку до Светското првенство кое стартува на 20 ноември.

Според италијанските медиуми Јувентус воопшто не размислува за отказ за Алегри од едноставна причина, прескапо ќе ги чини такво нешто, а плус немаат во моментов предобра опција за негов наследник.

Иако звучи бизарно, Јувентус е тенок со финансии, а Алегри има четиригодишен договор со плата од девет милиони евра. Што значи дека предвремен отказ би ги донело во ситуација дека ќе мора да му исплатат двоцифрена милионска отштета на актуелниот кормилар, а тоа е премногу за касата за „старата дама“.

Инаку веднаш после поразот од Монца, извршниот директор Маурисио Аривабене посочи дека Алегри ќе остане тренер зашто во прашање е четиригодишен проект и дека „апсолутно лудило“ би била негова смена во моментов, без оглед на лошите резултати, пред сѐ и во ЛШ, со два порази во воведните две кола.

Јуве има само две победи досега и нема победено од 31 август.

Се вчитува...